Skip to content
.:
Komuna e Gostivarit
ИЗВЕСТУВАЊЕ

Гостивар , 19 Јули 2017

Поради изведување на градежни работи за асфалтирање на регионалниот пат Беловиште – Лакавица, од четврток (20 јули 2017) до вторник (25 јули 2017), освен недела (23 јули 2017), патот ќе биде непрооден за возила.

 Сметајќи на разбирање од страна на граѓаните на Гостивар, однапред се извинуваме.

Служба за информирање,
Општина Гостивар

 

 
ЈАВЕН ПОВИК

Гостивар , 18 Јули 2017
Komuna e Gostivarit

Се повикуваат граѓаните на Гостивар, а особено иселениците кои аплицирале за легализација на бесправно изградени објекти, навремено да ги комплетираат предметите.

За оние граѓани кои поднеле барање за легализација на објекти во дополнителниот рок, геодетски елаборати ќе можат да достават најдоцна до 31 декември, 2017 година.

После овој законскиот рок, нема ќе може да продолжи постапката за идентификација и лицата кои поднеле барања, доколку до крајот на годината нема да достават елаборат, нивниот предмет ќе биде прекинат и не ќе може да продолжи постапката легализација, предметот ќе биде прекинат, а објектот ќе остане без регулиран правен статус.

Постојат предмети кои ги исполниле сите законски услови, но не извршиле уплата, па затоа, ги повикуваме граѓаните да ја искористат можноста што им ја дава законот за легализација, да извршат уплата и да се заклучи процесот на легализација.

Повеќе...
 
U përkujtuan dëshmorët e 9 Korrikut, Bejta: Në Gostivar ndodhi një masakër e paparë

Gostivar, me 9 Korrik – 2017U përkujtuan dëshmorët e 9 Korrikut Bejta Në Gostivar ndodhi një masakër e paparë 1

Në 20 vjetorin e ngjarjeve të Gostivarit, një delegacion i Komunës së Gostivarit i udhëhequr nga Kryetari, z. Nevzat Bejta dhe kryesuesi i Këshillit Komunal, z. Nasir Musliu bënë homazhe në vendprehjet e dëshmorëve të 9 Korrikut.

Në prononcimin për mediat, Kryetari, z. Nevzat Bejta u shpreh që: “Më 9 Korrik të vitit 1997 në Gostivar ndodhi një masakër e paparë në tokat shqiptare ku ranë tre dëshmorët e Kombit, Shpend Useini, Nazmi Saliu dhe Milaim Dauti.

Повеќе...
 
Апел: Водата за пиење да се користи само за потребите на домаќинствата

Apel Komuna e Gostivarit

Гостивар, 2 јули - 2017

Поради високите температури и доаѓањето на печалбарите во родниот крај во наредните денови, апелираме до граѓаните на општина Гостивар, дополнително да внимаваат при користење на водата за пиење.

Се молат граѓаните да избегнуваат користење на вода од водоснабдителниот систем за наводнување на нивите, зелените површини, дворовите, миењето возила и сл.

Во некои населби и околните села, се чувствува недостаток на вода за пиење. Од таа причина, а со цел да се овозможи сите корисници на водоводниот систем да имаат вода за пиење и за основните животни потреби, Општина Гостивар ги повикува граѓаните водата да ја користат рационално и само за потребите на домаќинствата.

Повеќе...
 
Во Вторник ќе се изврши втората дезинсекција во подрачјето на општина Гостивар

Të martën do të bëhet dezinsektimi hapësinor në territorin e komunës së Gostivarit

Гостивар , 30 Јуни 2016

Се известуваат граѓаните на општина Гостивар, особено одгледувачите на пчели, дека во понеделник (4 Јуни - 2017) ќе се изврши дезинсекција за на подрачјето на општина Гостивар против комарци и други штетници.

Дезинсекцијата ќе се врши на вечер, од 21:00 до 01:00 часот, како и во раните утрински часови од 03:00 до 06:00 часот само при поволни атмосферски услови. Во случај на дождливо време или силен ветер, дезинсекцијата ќе се одложи за наредниот ден или некој друг ден со подобри атмосферски услови.

Повеќе...
 
Градоначалникот Невзат Бејта учествуваше на изложбата на дела од меѓународната уметничка колонија "Гостивар 2017 година"

19679721 10213641766786561 1728007966 n

Гостивар, 1 јули - 2017

Делата создадени во рамките на Меѓународната уметничка колонија "Гостивар 2017", дванаесетта по ред, беа изложени пред љубителите на уметноста Центарот за култура во Гостивар, а настанот со неговото присуство го удостои и градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта.

"Се надевам дека во текот на овие неколку дена од вашиот престој во Гостивар, сте поминале убави мигови и со себе ќе понесете добри спомени од нашиот град. Делата кои сте ги изложиле вечерва ми оставија голем впечаток и посакувам следната година повторно да бидете наши гости и да создадете слични дела кои ќе ни останат како убав спомен", рече градоначалникот Невзат Бејта во неговиот поздравен говор пред ликовните уметници дојдени од земјава и од странство.
Градоначалникот Бејта, им честиташе на организаторите на овој важен уметнички настан, истакнувајќи дека ЗЛУМ "Драудацум", на чело со професорот Решат Амети, но и на сите оние кои придонесоа за успешниот тек на меѓународната уметничка колонија.

"Општина Гостивар ќе продолжи да ги поддржува културните настани во сите области, а особено во областа на ликовната уметност, каде што нашиот град води и пред поголемите градови во регионот. Нашата поддршка, во иднина ќе биде уште поголема", подвлече градоначалникот Бејта.

Повеќе...
 
Одбележан Денот на Општина Гостивар, професорот Милаим Фејзи прогласен за почесен граѓанин

U shënua Dita e Komunës së Gostivarit qytetar nderi u shpall profesor Milaim Fejziu  24

Гостивар, 29 јуни - 2017

Во Центарот за култура, Општина Гостивар организираше Свечена академија по повод Денот на Општината, 29 јуни.

Во присуство на високи владини функционери, пратеници, претставници на верскиот живот, градоначалници, претставници на општина Стари Град (БиХ) и општина Смолен (Бугарија), градоначалникот на Гостивар, г-дин Невзат Бејта, откако ги поздрави присутните зборуваше за значењето на Денот на Општина Гостивар.

29-ти јуни го претставува денот на Општина Гостивар. Овој датум, рече градоначалникот Бејта за граѓаните на општина Гостивар има големо историско значење, бидејќи на 29 јуни 1992 година, по паѓањето на комунистичкиот систем, граѓаните на Гостивар за прв пат имаа прилика со свој демократски глас да го изберат градоначалникот и претставниците на другите локални институции.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

е-Градежни дозволи

elejesq

eРегулативи

eRegulations

e-Даноци

e-danoci-online

Maps

maps-small

Актуалности

h-n-b-7

multiculturalism

javni-nabavki

 npkomunaleclinkmk-t

UNDP Конкурс

UNDP Vacancy
 
undp-vacancy

За граѓани со попреченост

Бејтул Луши, Висар Рустеми, Беким Незири
042 218 167
Лица за комуникација со граѓани кои што имаат одреден вид и степен на попреченост

Еколошки елаборат

Студијата за оцена на влијанието врз зивитната средина на проектот Нацинален гасоводен систен на РМ, Делница Скопје-Гостивар-Кицево
 

Статистика

Членови : 3
Содржина : 1068
Гледања на содржината : 2251639