 24.06.10
Во малата општинска сала се одржа првата информативна средба со вклучените страни во проектот "Ефикасен модел за комуникација" (MEK).
Во присуство на членовите на Комисијата за односи помеѓу заедниците (КОЗ), членови на општинскиот совет, општинската администрација и претставници на Метаморфозис, се одржа првата информативна средба со вклучените страни во проектот MEK со што се информираа за проектните цели, времетраењето и придобивките на КОЗ и самите граѓани од општина Гостивар.
Воведно излагање за проектот имаше Хајрије Ахмед, претседател на здружение на граѓани „Заеднички вредности„ , која ги запозна разните екипи кои ќе учествуваат директно во понатамошните активности во рамките на проектот.
Членовите на КОЗ се запознаа дека ќе бидат снабдени со Информативна технологија (ИТ) која ќе им служи за поефикасна комуникација со граѓаните од разни етнички заедници во Општина Гостивар. За користење на овие технологии ќе се спроведе посебна обука.
|
|
 23.06.10
Општина Гостивар во наредниот период ќе инвестира над 220 илјади евра буџетски средства. Над 150 илјади евра ќе бидат наменети за подобрување на инфраструктурата, a 70 илјади евра за санација на Техничкото училиште. Во главно ќе се работи во градот, но ќе има инвестиции и во селата Чајле, Форино, Балиндол, Лакавица, Равен и Вруток.
Предност ќе им се даде на прашања кои им создаваат повеќе проблеми на граѓаните, како што се улици, тротоари, водоводи, канализации, паркинзи и др.
Моментално се работи на реконструкција на тротоарите во центарот на градот, каде што оштетениот асфалт се заменува со бекатонски плочки и се врши потребна санација на водоводната и канализационата мрежа во деловите каде што се изведуваат работите.
|
|
 Врз основа на член 14 и 35 од Статутот на ЈПССО “Риниа“ – Гостивар, како и врз основа на член 19 од Законот за јавни претпријатија на РМ и Одлуката на УО на претпријатието бр.03-13/3 од 14.06.2010 и Решението на ЈПССО “Риниа“ – Гостивар, директорот на претпријатието за формирање Комисија за лицитација бр.03-13/4 од 14.06.2010, Комисијата за споредување на лицитација, распишува:
О Г Л А С
За јавна лицитација за давање под закуп на објектот на ЈПССО “Риниа“ – Гостивар кој се наоѓа во Градскиот стадион – Гостивар.
|
|
 23.06.10
Во рамките на проектот “Унапредување на на воспитно – образовниот процес за децата со посебни потреби на локално ниво” во малата општинска сала се одржа завршната трибина. Проектот го спроведува Здружентието на дефектолози од Македонија, а финансиски е поддржан од CIVITAS MOBILITAS.
На трибината учествуваа претставници од цивилниот сектор и локалната власт. Во врска со искуствата, погледите и перспективите на општина Гостивар во корист на децата со посебни потреби, говореше Шпенд Капроли од Општина Гостивар.
|
|
 22.06.10
Во првиот упис од првиот рок останаа многу непополнети многу места во сите средни училишта во Гостивар, и тоа на сите три наставни јазика. Во општата гимназија има уште 316 слободни, од кои на албански јазик 145, на македонски јазик 93, а на турски јазик 78. Во паралелките по медицина пополнети се сите места само во паралелките по општа медицина на албански јазик, а во фармација има уште 22 слободни места. 14 слободни места за настава на македонски јазик во општа медицина и 26 во фармација останале празни со настава на македонски јазик, а на турски јазик има уште 35 слободни места, од кои во општа медицина 6 , а во фармација 29.
Вкупно 322 слободни места во економско училиште, односно 198 со настава на албански јазик, 116 со настава на македонски јазик и 8 за настава по турски јазик. Во средното техничко има дури 540 слободни места, од кои 265 во албанските паралелки, 189 во македонските паралелки и 86 во турските паралелки. Во ова училиште регистрирани се само 130 ученици на трите јазика, во сите профили.
|
|
|
|
<< Почеток < Предходно 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
| Резултати 64 - 72 од 420 |