15.07.2010
Во рамките на годишната Програма на Општина Гостивар за инвестиции во инфраструктурата, во центарот на село Форино се гради паркинг со површина од 350 квадратни метри. Паркингот ќе биде поплочен со бекатонки и ќе може да прими дваесетина возила.
Површината која се наоѓа покрај реката Јахорка, и до сега локалните жители ја користеле за паркирање на нивните возила, но истата беше полна со кал.
Служба за информирање – Општина Гостивар
|
|
14.07.2010
Извршени се сите процедури за почетокот на реализација на проектот “Шеталиштето кај Вардар“, проект кој доби согласност од учесниците во програмата “Форуми во заедницата“. Но, поради многуте оштетувања на коритото на Вардар, во делот каде што ќе се изгради шеталиштето, со средства од Општината, моментално се работи на реконструкција на дел од коритото во должина од 40 метри.
16 оштетени кампади од коритото на Вардар, изградено во шеесеттите години од минатиот век, целосно се руинирани и во наредните денови ќе бидат заменети со нови.
|
|
12.07.2010
Во главниот влез на градот, на надвозникот на магистралата Скопје-Кичево, од двете страни се поставени табли со натпис на четири јазици “Добродојдовте во Гостивар“ како и логото на Општина Гостивар. Поставувањето на натписите се прави со цел на случајните минувачи да им се даде до знаење дека поминуваат покрај градот Гостивар, а на посетителите да им се посака добредојде.
Ваков натпис му недостигал на Гостивар, бидејќи многу случајни минувачи ниту знаат дека поминуваат покрај градот кој спаѓа во поголемите градови на Македонија. Општина Гостивар планира во иднина во овој надвозник да изврши и други интервенции, со цел истиот да добие соодветен изглед.
|
|
09.07.2010
9 јули 1997 година oбележaн датум на демократскиот отпор на Албанците од општина Гостивар.
Почитувани роднини на паднатите за националното знаме, почитувани учесници на оваа Помен - академија.
Собрани сме вечерва да се присетиме на еден посебен датум од нашата понова историја, датум кој што претставува голем пресврт на многуте промени кои се случија до денес, промени кои што денес со одговорност треба да ги оцениме како недоволни и незавршени промени.
Патешествието на албанското политичко движење во Македонија последниве 20 години, познава многу големи примери на сублимирано индивидуално и колективно жртвување со мисија на унапредување и решавање на албанската кауза во Македонија.
|
|
09.07.2010
Салата на Центарот за култура во Гостивар, беше премала за да може да ги собере сите оние кои сакаа со своето присуство да им оддадат почит на паднатите за народот, кои ги дадоа своите скапоцени животи во настаните од 9 јули 1997 и во оруженото востание од 2001 година.
Со интонирање на Албанската национална химна од страна на хорот на Ансамблот “Беса“ и со едноминутно молчење за сите жртви за албанската кауза, започна Помен-академијата со која се одбележа 13 годишнината на трагичните настани од 9 јули 1997 година, која се реализира под покровителство на градоначалникот на Гостивар.
15 минутниот документарец подготвен од Нури Бајрами, во реализација на ТВ2 - Гостивар, ги обелодени трагичните настани од ‘97 година, околностите кои доведоа до овие настани како и главните носители на одговорноста. “Тој беше со нас кога закрварија калдрмите, кога мајките ги бришеа солзите и кога Гостивар бележеше историја.
|
|
|
|
<< Почеток < Предходно 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
| Резултати 46 - 54 од 420 |