Skip to content
..:: Насловна
Насловна
Многу слободни места и по вториот уписен рок
shklltknk-t.jpg24.08.10
Уписот во гостиварските општински средни училишта ќе продолжи до 31 август

По вториот уписен рок во гостиварските средни училишта остана непополнети места на трите наставни јазици.
Во општата гимназија има уште 218 слободни места, од кои на албански јазик 40 (во диспензираните паралелки во Неготино), 79 на македонски јазик и 66 на турски јазик.
Во медицинско средно училиште слободни места има само за настава на македонски и турски јазик, и тоа општа медицина 2 на македонски и 27 на турски јазик, а во фармација 4 слободни места на македонски јазик.

Вкупно 174 слободни места останале во средното економско, односно 70 за настава на албански јазик, 96 на македонски и 8 з настава на турски јазик, распоредени на профилите економија, право и маркетинг.
 
Асфалт во село Форино, бекатонки во населба Млаки
asfltmfrn-t.jpg20.08.10
Со средства од општинскиот буџет и со партиципација на жителите од една населба во село Форино, се асфалтира улица во должина од 230 метри.
По тампонирање на улицата, денес почнав се асфалтирање на истата и во текот на денот ќе треба да завршат работите. Улицата е долга 230 метри а широка 4 метри, со дебелина не помала од 7 цм“, истакна Фатмир Далипи – инженер во Општина Гостивар.
Целиот овој ќе чини 730 илјади денари, при што половина  од износот ги обезбедува Општина Гостивар а другата половина месното население. Како што се изјаснија селаните, кои претходно со самофинансирање поставија фекална канализација, кофинансирањето  како форма за реализација на проекти во областа на инфраструктурата е нешто што оди во полза и на Општината и на граѓаните.
 
Се фарбаат металните столбови за улично осветлување
lrjebnd-t.jpg20.10.10
Со средства обезбедени од Општина Гостивар, сите столбови за јавно осветлување во двата градски булевара се бојадисуваат со мрсна фарба.
Претходно, во разни градски делови беа фарбани мостовите на реката Вардар, железните огради пред општинската зграда и извичниците во главните градски раскрсници.
По завршување на првата фаза, што подразбира фарбање на столбовите во булеварите “Браќа Ѓиноски“ и “Гоце Делчев“ во должина од околу 2,5 километри, ќе продолжи фарбањето и на металните столбови во други градски делови.
 
Пренасочување на сообраќајот
graphiclogo1.jpg18.08.10
Заради изведување на работи во улицата Балиндолска, почнувајќи од 23,08,2010 до 23,09,2010
жителите што возаат низ ова улица треба да ги користат улиците „Илија Антески Смок„ и „Боге Велјаноски„.

Пренасочување на сообраќајот ќе се одвива според проектот за привремено менување на сообраќајот во тој дел од патот, за што има согласност и од МВР - оддел за сообраќај.

Со цел безбедно одвивање на сообраќајот, по потреба ќе асистира и одделот за сообраќај при полициската станица во Гостивар.
 
Општина Гостивар во меѓународната програма за напредок во менаџирање со животната средина во урбан простор
envmgmt-t.jpg17.08.10
Општина Гостивар активно учествува во спроведувањето на законодавството и заштита на  јавниот  интерес за создавање на   одржлива и здрава животна средина за сите. Во областа на управувањето со животната средина, одговорноста на јавната администрација станува особено очигледна.

Градоначалникот  Проф.д-р Руфи Османи се залага за ефективни и ефикасни администрации на локално и на централно ниво кои се основен предуслов за постигнување демократска консолидација и континуиран социоекономски развој во хармонија со околината.Од наведените причини, Општина Гостивар преку својот кандидат Тони Серафимоски, овластен испектор за животна средина,  даде целосна подршка во изработката и апликацијата на проект до отворениот интернационален јавен конкурс ,со право на yчество на сите локални администрации , централната власт и на сите други институции кои се надлежни во заштитата на животната средина во РМ.

Со самата потврда  за прифаќање  и усвојување од страна на Шведската влада на проектот за промени”Имплементација на законите во пракса”во јака конкуренција  докажа дека општина Гостивар  поседува квалитетен потенцијал во РМ.
 
<< Почеток < Предходно 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Резултати 19 - 27 од 420

Актуелно

konkursi.png
javni-nabavki.png

Поврзувањa


usaid.gif
undp1.gif
eu-ear.gif
unicef.png
sudep.gif
euinfocentre.jpg
zels3.jpg
euinfopoint.jpg
recycle_arow_2.jpg

Онлине

Ние имаме 9 гости онлајн