Skip to content
..:: Насловна arrow Вести arrow Заврши проширувањето на булеварот “Браќа Ѓиноски”
Заврши проширувањето на булеварот “Браќа Ѓиноски”
blvbgprfd-t.jpg26.11.10
Сегмент во должина од 600 метри на булеварот “Браќа Ѓиноски” се прошири по 75 цм од двете страни од “островот“ кој физички ги одвојува коловозните ленти, а во тек е хортикултурното уредување  на зелениот појас.  
“Појасот кој ги двои двете коловозни ленти од овој булевар беше со поширок отколку реално е потребно, а коловозните ленти немаа доволна широчина за слободен проток, особено кога се знае дека истиот се користи и за паркирање на возила. Со проширување од 75 цм во двете страни, сега сообраќајот се одвива послободно”, тврдат експертите од Општина Гостивар.
Се заменија дотраените ивичници со вкупна должина од над 1200 метри и се асфалтира вкупна површина од над 900 метри. Како подолготрајно решение, Општина Гостивар планира во блиска иднина да интервенира и кај тротоарите со проширување за околу 2 метри двете коловозни ленти, така да овој булевар да добие соодветна симетрија во целата своја должина.
blvbgprfd-1.jpg
blvbgprfd-1.jpg
blvbgprfd-1.jpg
blvbgprfd-1.jpg
Служба за информирање
 
< Претходно   Следно >