Skip to content
..:: Насловна arrow Вести arrow Обука за субвенционирано вработување на жени жртви на семејно насилство
Обука за субвенционирано вработување на жени жртви на семејно насилство
shqtgrvdhnbzns-t.jpg25.11.10
Во рамките на Програмата ”Јакнење на националните капацитети за превенција на семејното насилство”, во Општина Гостивар се одржа инфромативно-деловна средба за промоција на субвенционираното вработување на жени жртви на семејно насилство.

Целта на средбата беше запознавање на приватниот сектор со наведената програма, со посебен акцент на компонентата за субвенционирано вработување. “Жртви на семејно насилство обично се невработените жени поради тоа што нивната економска зависност ги принудува да им се покорат на насилниците, затоа нивното вработување би влијаело во ублажување на сегашната состојба”, истакна меѓу другото проф.д-р Вера Стаменкова - Трајкова.

На средбата зедоа учество претставници од бизнис секторот од општините од регионов, како и претставници од општинската администрација во Гостивар. Организаторите од претставниците на приватниот сектор побараа со пополнување на прашалник да кажат за каков кадар имаат потреба и според можностите да вработат жртви од семејното насилство.

Средбата ја организира Националниот совет на РМ- СОЖМ, со поддршка на УНДП, а во соработка со ЗЕЛС и Федерацијата на работодавачи на Република Македонија. 

Служба за информирање

 
< Претходно   Следно >