Skip to content
..:: Насловна arrow Вести arrow Одбележан меѓународниот ден на ромите
Одбележан меѓународниот ден на ромите

dita_romeve_2012_t.jpg08.04.2012

Меѓународниот ден на ромите, во Гостивар се одбележа со многубројни активности, чиј што носител беше ХДЗР “Месечина“, а финансиски се подржаа од страна ан Општина Гостивар.

На градскиот плоштад во Гостивар, во организација на ХДЗР “Месечина“ децата роми во Гостивар се преставија со богата културно-уметничка програма, која што ја проследија голем број граѓани од Гостивар.

Во ресторанот “Цвет“ се одржа Свечена академија на која присуствуваа личности од локалната власт, државните институции и работници од домашниот и меѓународниот невладин сектор.

На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Гостивар, Руфи Османи, кој на присутните им се обрати со пригоден говор.

“Сегашната незавидна положба на ромите низ светот, е последица на нивното заобиколување низ векови и сите ние заедно треба да сториме сé  за да оваа состојба се смени. Општина Гостивар која е позната како мултиетничка, мултијазична и мултикултурна општина, бележи позитивни резултати во овој правец и ве уверувам дека во иднина поддршката од страна на Општината ќе се зголеми уште повеќе, и до година Меѓународниот ден на ромите ќе треба да се одбележи не само со свечена академија туку и со други активности и конкретни инвестиции“, истакна меѓу другото градоначалникот Османи.

dita_romeve_2012_1.jpgНа присутните име се обрати и општинскиот советник од ромска националност Ариф Пини, а пред присутните се промовираше и видеоспотот на ромски, македонски, албански, турски и англиски јазик. Истиот ќе се емитува во рамките на кампањата за откорнување на предрасудите за ромите.

Ромската фолклорна група од Гостивар се претстави со кратка програма, а свечената академија се заокружи со богат коктел и забава со песни и ора од сите заедници кои живеат на нашето поднебје.


dita_romeve_2012_2.jpg

 Служба за информирање

 
< Претходно   Следно >