Општински центар за услуги |
Општински центар за услуги е едноставен и ефикасен начин за информирање
и услужување на граѓаните. Со услугите што ги нуди тој претставува
сервис за граѓаните и на тој начин ги реализира обврските на Општината
предвидени со закон. Целта и функцијата на Центарот е да помага во пристапот до информации и во една пријатна и пријателска атмосфера да им дава совети и насоки на граѓаните за полесно разрешување на нивните проблеми. Сервисниот центар го става граѓанинот во центарот на вниманието. Центарот е стручно оспособен за давање правна помош на граѓаните. Центарот има две основни функции, две основни улоги: • Центар за информации и услуги • Центар за поплаки Реформата на локалната администрација е интегративен дел од стратегијата на земјата кон полноправно членство во ЕУ и потребата локалната администрација да функционира според ЕУ стандардите. Реформите во локалната администрација имаат потреба од нови капацитети и методи за општинско управување насочено кон задоволување на потребите и очекувањата на граѓаните за подобрени општински административни услуги и поголем социо-економски развој. Центрите за општински услуги се еден вид алатка за испорака на квалитетни услуги кои вообичаено се употребуваат низ сите земји во Европа. Давањето на услуги преку едношалтерскиот систем е релативно нов концепт кој често се употребува во реформите на јавната администрација. Едношалтерскиот систем подразбира модел на испорака на административни услуги кои се концентрирани на една локација, ова во себе создава „супермаркет на општинската администрација„ што значи издавање на голем број на услуги за голем број на граѓани во одредена локација-канцеларија. Едношалтерскиот систем или Општинскиот Центар за Услуги ги има следниве карактеристики: • Едношалтерскиот систем има специфичен идентитет, препознатливо лого, итн. • Зградата е целосно пристапна за сите корисници, влучително и за лицата со посебни потреби, итн. • Iма видливи ознаки (информативна табла) на влезот, така што луѓето ќе бидат свесни за услугите и функциите кои тука се обезбедуваат Искуството покажува дека создавањето на ваков информативен центар или едношалтерски центар е корисен за следниве сфери: • Подобрување на изгледот на општинската администрација, земајќи ги предвид потребите на граѓаните • Олеснување на интеракцијата меѓу граѓаните и администрацијата правејќи ја комуникацијата поефикасна и поефективна • Услугите треба да бидат адаптирани спрема локалните потреби и да се обезбедуваат локално • Координација на обезбедените услуги • Флексибилност при испораката на услугите • Ефективност на трошоците • Поефективен и поефикасен развој на ресурсите, вклучувајќи подобра координација меѓу постоечките владини системи и процеси • Зголемен интегритет и транспарентност • Комбинирање на физичката пристапност и социјалниот контакт – посебно значаен за луѓето со посебни потреби. Почитувани граѓани, Bашите потреби, грижи и проблеми несомнено се секојдневна грижа и за нас, за поефикасно изнаоѓање на решениа за Вашите обврски, права и потреби , во секое време вработените во центарот ќе ве очекуваат во пријатна атмосфера . Во прилог на делот ФОМРУЛАРИ ги имате сите барања потребни кои се поднесуваат до органите на Општина Гостивар. За било која информација или услуга околу Вашите барања, предлози, мислења, поплаки обратете се преку телефон, емаил или со посета на Центарот. |
|
| Насловна |
| Градоначалник |
| Совет на Општина |
| Администрација |
| Галерија |
| Контакти |
| Генерален урбанистички план |
| ДУП Блок 1 |
| ДУП Блок 2 |
| ДУП Блок 9 |
| ДУП Блок 17 |
| ДУП Блок 18 |
| ДУП Блок 19 |
| ДУП Блок 24 |