Skip to content
..:: Насловна arrow Животна Средина
Животна Средина

Животна средина

Почитувани,

Со цел да овозможи пристап на граѓаните до информациите кои се однесуваат на животната средина, Општина Гостивар воведува рубрика за животна средина во рамките на нејзината web страна.
Со оваа рубрика сакаме да воспоставиме успешен информациски мост за еколошката проблематика помеѓу граѓаните, медиумите и локалната власт.

Затоа, Општина Гостивар во оваа рубрика континуирано ќе ги објавува:
• Законските документи;
• Програмите и плановите за заштита на животната средина;
• Актуелностите и случувањата;



Еколошки дозволи

Интегрирани еколошки дозволи

Стартува процедурата за издавање на Интегрирани еколошки дозволи
Согласно новата законска регулатива, единиците на локалната самоуправа добија поголем обнадлежности во делот на заштитата и унапредување на животната средина.
Според Законот за животна средина, од 01.01.2006г. започнува постапката за издавање на А и Б интегрирани еколошки дозволи.

Системот на интегрирани дозволи предвидува издавање на:
• А интегрирани дозволи кои ќе ги издава Министерството за животна средина и просторно планирање.
• Б интегрирани дозволи кои ќе ги издаваат единиците на локалната самоуправа. Инсталациите што ќе подлежат на овие дозволи, треба да бидат во согласност со стандардите за гранични емисиони вредности.
Имплементацијата на процесот за добивање на интегрирана еколошка дозвола (Integrated Pollution Prevention and Control - IPPC) е обврска на операторите на производните капацитети, со цел да се обезбеди остварување на економски развој без деградација на животната средина.
Операторите на постојаните инсталации (производни капацитети) се должни да обезбедат Дозвола за усогласување со оперативен план како услов за продолжување на работата на инсталацијата.
Операторите се должни барањето да го достават до надлежниот орган во согласност со временскиот распоред опишан во Уредба за определување на активностите на инсталациите за кои се издава интегрирана еколошка дозвола односно дозвола за усогласување со оперативен план и временски распоред за поднесување на барање за дозвола за усогласување со оперативен план, започнувајќи од 1.01.2006 до 31.12.2009 г. Секој индустриски сектор има посебен временски интервал за поднесување на барање до надлежниот орган.
За оваа цел, Министерството за животна средина и просторно планирање има изготвено Правилник за постапката за издавање дозвола за усогласување со оперативен план во кои се пропишуваат формата, содржината и начинот за доставување на барањето за усогласување со оперативен план, како и документацијата која се приложува кон барањето.
Добивањето на интегрирана дозвола е сложен процес кој може успешно да се оствари доколку органите за издавање дозволи и операторите на производните капацитети се ангажираат во меѓусебна конструктивна соработка.

За сите дополнителни информации, Општина Гостивар е отворена за помош и соработка.


Процедура за аплицирање

• Доставување на барање со предлог-оперативен план до Градоначалникот на Општина гостивар.
• Формата и содржината на барањето се пропишани во Правилник за постапката за издавање на дозвола за усогласување со оперативен план (Службен весник на РМ бр. 4/06).
• Барањето се објавува во најмалку еден весник заради пристап до јавноста во рок од 7 дена од денот на приемот на барањето.
• Сите заинтересирани во рок од 30 дена од денот на објавувањето имаат право да достават мислења и коментари.
• Општината може да организира и јавна расправа 25 дена од денот на објавување на барањето.
• Преговори помеѓу операторот на инсталацијата и Градоначалникот на општината (може да траат најмногу една година).
• Решение за Дозвола за усогласување со оперативен план.
• Во рок од 10 дена од денот на издавање на Дозволата за усогласување со оперативен план, Градоначалникот го објавува издавањето на дозволата во најмалку еден дневен весник на РМ.
• Општината може да организира и јавна расправа 25 дена од денот на објавување на барањето.
• Преговори помеѓу операторот на инсталацијата и Градоначалникот на општината (може да траат најмногу една година).
• Решение за Дозвола за усогласување со оперативен план.
• Во рок од 10 дена од денот на издавање на Дозволата за усогласување со оперативен план, Градоначалникот го објавува издавањето на дозволата во најмалку еден дневен весник на РМ

Образец за Барање за Б-Интегрирана Еколошка Дозвола
[превземи pdf]

Дозвола за Усогласување со Оперативен План
[превземи pdf]

Образец за Оперативен План
[превземи pdf]



Објави за БАРАЊЕ:

Објава на барање за Б дозвола за KEM AД - Гостивар
[превземи pdf]

Објава на барање за Б дозвола за AД Силика Рудник Чајле - Гостивар
[превземи pdf]

Објава на барање за Б дозвола за Јефута Инџинеринг - Гостивар
[превземи pdf]

Објава на барање за Б дозвола за С Петрол - Гостивар
[превземи pdf]

Објава на барање за Б дозвола за ТП Циглар Градец - Гостивар
[превземи pdf]



Елаборати за заштита на животната средина

Од 01.07.2009 година за  сите дејности и активности за кои е потребна подготовна н елаборат за заштита на животна средина, инвеститорот треба да достави барање за одобрување на елаборат до општина Гостивар за одобрување на спроведувањето на проектот.
Барањето за одобрување на елаборатот се доставува во три примерока во писмена форма и едлектронска форма .Елаборатите треба да се напишани  според Правилникот за форма и содржина на елаборатот за заштита на животна средина  (Службен весник на РМ бр.50/09),

Сите дејности и активности за кои е потребна подготовка на елаборат се наведени во Уредба за активностита за кои задолжително се изработува елаборат, а за чие одобрување е надлежен градоначалникот на општината, градоначалникот на град Скопје и градоначалникот на општините на Град Скопје (Службен весник на РМ бр.80/09).Елаборатите треба да се напишани  според Правилникот за форма и содржина на елаборатот за заштита на животна средина  (Службен весник на РМ бр.50/09),


Уредба за активностита за кои задолжително се изработува елаборат, а за чие одобрување е надлежен градоначалникот на општината, градоначалникот на град Скопје и градоначалникот на општините на Град Скопје.
[превземи pdf]

Правилник за формата и содржината на елаборатот за заштита на животната средина, постапка за нивно одобрување , како и начинот на водење на регистар на одобрени елаборати.
[превземи pdf]

-------------------------------------------------

За подетални информации контактирајте:

tel: 042 213 511

Тони Серафимоски
Овластен инспектор за Заштита на животна средина
toni.serafimoski@gostivari.gov.mk

Маја Анастасиеска
Советник за Заштита на животна средина
maja.anastasieska@gostivari.gov.mk

Ова категорија е моментално празна