
01.09.10
По покана на Еваглеина Л. Куенсо, специјалист од Светската банка, градоначалникот на Гостивар проф.д-р Руфи Османи ќе земе учество на специјалниот панел “Градови на знаењето и младината” кој ќе се одржи во Кувајт од 3 до 5 октомври.
Оваа Конференција од високо ниво, ќе ја отвори лично кувајтскиот премиер и на истата ќе учествува и неговата екселенција емирот Шеик Сабах Ал-Ахмад Ал Јабар Aл-Сабах.
На Меѓународната конференција “Градови на знаењето и младината”, еминентни лидери, политичари, креатори на политика и градоначалници ќе извршат презентации и ќе дискутираат за економски и урбано–рурални прашања, како и за предизвиците за вработување на младите.
Успешното управување со општината, компетентното решавање на предизвиците со кои се соочува истата, како и теоретско-практичните познавања за панел-темата, беа поводот градоначалникот Османи да биде поканет на оваа меѓународна конференција.
"Вашиот придонес како панелски екпсерт, во специјалната сесија ќе даде им даде можност на учесниците да ги научат најдобрите практики во менаџирањето, со што на градовите ќе им се овозможи од градовите да создадат места со повисок стандард за живеење, одржливост и културно богатство за своите граѓани." – се вели помеѓу другото во поканата од Светската банка.